
Користење на средство за плакнење
ВНИМАНИЕ Користете само
специјално средство за плакнење за
машини за миење садови.
Не полнете го дозерот за средство
за плакнење со други производи (на
пр. средство за чистење машини за
садови или течен детергент). Тоа
може да предизвика оштетувања на
апаратот.
Средството за плакнење
овозможува сушење на садовите
без ленти и дамки.
Средството за плакнење автоматски
се додава за време на последното
плакнење.
Направете го следново за да го
наполните дозерот за средство за
плакнење:
1. Притиснете го копчето за
ослободување (A) за да го отворите
дозерот за средство за плакнење.
2. Наполнете го дозерот со средство за
плакнење. Ознаката "max." го
покажува максималното ниво.
3. Отстранете го истуреното средство
за плакнење со впивлива крпа за да
спречите преголемо пенење за
време на следната програма за
миење садови.
4. Затворете го дозерот за средство за
плакнење.
Наполнете го дозерот кога показателот
за средството за плакнење (B) е
безбоен.
Прилагодување на дозирањето на
средството за плакнење
Средството за плакнење е фабрички
поставено во положба 4.
Може да ја поставите дозата на
средството за плакнење меѓу положба 1
(најмала доза) и положба 6 (најголема
доза).
48 electrolux
Comentários a estes Manuais