Electra ESL45010 Manual do Utilizador Página 53

  • Descarregar
  • Adicionar aos meus manuais
  • Imprimir
  • Página
    / 80
  • Índice
  • MARCADORES
  • Avaliado. / 5. Com base em avaliações de clientes
Vista de página 52
Функцијата Multitab
Функцијата Multitab е за комбинирани
детергентски таблети.
Овие таблети содржат детергент,
средство за плакнење и сол за машини
за садови. Некои видови таблети може
да содржат и други средства.
Проверете дали таблетите се соодветни
за тврдоста на локалната вода. Видете
во упатствата од производителот.
Кога ќе ја поставите функцијата Multitab,
таа останува вклучена додека не ја
исклучите.
Функцијата Multitab автоматски го сопира
протекот на средство за плакнење и на
сол. Показното светло за сол се
исклучува.
Програмата може да трае подолго ако ја
користите функцијата Multitab.
Активирајте ја или деактивирајте ја
функцијата Multitab пред да почнете
програма за миење.
Не може да ја активирате или
деактивирате функцијата Multitab
додека трае некоја програма.
Откажете ја програмата за миење, а
потоа повторно поставете ја.
Активирање на функцијата Multitab:
Држете ги притиснати истовремено
двете копчиња за Multitab
(функциските копчиња D и E).
Показното светло за Multitab се пали.
Деактивирање на функцијата Multitab:
Држете ги притиснати истовремено
двете копчиња за Multitab
(функциските копчиња D и E).
Показното светло за Multitab се гаси.
Направете го следново ако е
сушењето незадоволително:
1. Наполнете го дозерот со
средство за плакнење.
2. Активирајте го дозерот за
средство за плакнење.
3. Поставете ја дозата на средство
за плакнење во положба 2.
Дозерот за средство за плакнење
може да се активира или
деактивира само кога е активна
функцијата Multitab.
Активирање на дозерот за средство за
плакнење
1. Вклучете го апаратот.
2. Проверете дали апаратот е во
режимот за поставување.
3. Држете ги притиснати функциските
копчиња B и C.
Показните светла за функциските
копчиња A, B и C почнуваат да
трепкаат.
4. Притиснете го функциското копче B.
Показните светла за функциските
копчиња A и C се гасат.
Показното светло за функциското
копче B продолжува да трепка.
5. Притиснете го функциското копче B
повторно.
Се пали показното светло за крај на
програма.
6. За да ја меморирате поставката,
исклучете го апаратот.
За да го исклучите дозерот за средство
за плакнење, извршете ги горните
чекори додека не се изгасне показното
светло за крај на програма.
За повторно користење на обичен
детергент:
1. Деактивирајте ја функцијата
Multitab.
2. Наполнете ги садовите за сол и
за средство за плакнење.
3. Прилагодете ја поставката за
тврдост на водата на највисоко
ниво.
4. Пуштете програма за миење, но
без садови.
5. Прилагодете го омекнувачот на
вода за тврдоста на водата во
вашата област.
6. Прилагодете го дозирањето на
средството за плакнење.
electrolux 53
Vista de página 52
1 2 ... 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 ... 79 80

Comentários a estes Manuais

Sem comentários