
Бирање и стартување на програма за миење
Поставете ја програмата за миење
со подотворена врата. Поставената
програма почнува само откако ќе ја
затворите вратата. Дотогаш може да
се менуваат поставките.
Направете го следново за да поставите
и почнете програма за миење садови:
1. Вклучете го апаратот.
2. Проверете дали апаратот е во
режимот за поставување.
3. Притиснете едно од програмските
копчиња. Видете во поглавјето
"Програми за миење садови".
– Се пали показното светло на
програмата.
4. Затворете ја вратата.
– Програмата за миење почнува.
Кога работи програма за миење
садови, не може да ја смените.
Откажете ја програмата за миење.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прекинете или
откажете програма за миење само
ако е неопходно.
ВНИМАНИЕ Отворајте ја вратата
внимателно. Може да избие жешка
пареа.
Прекинување програма за миење
Отворете ја вратата.
• Програмата запира.
Затворете ја вратата.
• Програмата продолжува од точката,
каде што била прекината.
Откажување програма за миење садови
1. Држете ги притиснати функциските
копчиња B и C додека не се запалат
сите програмски светла.
2. Отпуштете ги функциските копчиња B
и C за да ја откажете програмата за
миење.
Сега може да го направите следново:
1. Исклучете го апаратот.
2. Поставете нова програма за миење
садови.
Наполнете го дозерот за детергент пред
да поставите нова програма за миење.
Поставување и почнување програма за
миење со одложено почнување
1. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување.
2. Поставете програма за миење
садови.
– Се пали показното светло на
програмата.
3. Притискајте го копчето за одложено
почнување додека показното светло
за саканиот број часови не почне да
трепка (3, 6 или 9 часа).
4. Затворете ја вратата.
– Почнува одбројувањето за
одложено почнување.
– Одбројувањето на одложеното
почнување се намалува во чекори
од 3 часа.
Кога ќе заврши одбројувањето,
програмата за миење почнува
автоматски.
Не отворајте ја вратата за време на
одбројувањето за да не го
прекинете. Кога повторно ќе ја
затворите вратата, одбројувањето
почнува од точката на прекинот.
Откажување одложено почнување:
1. Држете ги притиснати функциските
копчиња B и C додека не се запалат
сите програмски светла.
– Кога ќе откажете одложено
почнување, ја откажувате и
програмата за миење садови.
2. Поставете нова програма за миење
садови.
Завршување програма за миење
• Апаратот запира автоматски.
• Се огласува звучниот сигнал за крај на
програма.
1. Отворете ја вратата.
– Се пали показното светло за крај на
програма.
– Програмското показното светло за
завршена програма останува
запалено.
2. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување.
3. За подобри резултати на сушењето,
држете ја вратата подотворена
54 electrolux
Comentários a estes Manuais